Британците трошат 20.000 литри гориво дневно

21

Побарувачката за гориво за автомобили во Велика Британија, најмногу бензин и дизел, се врати на нивото од пред пандемијата, покажуваат официјалните податоци. Како причина за тоа се наведува ублажување на рестриктивните мерки поврзани со пандемијата по успешното спроведување на вакцинацијата.

Според податоците, просечната дневна продажба на моторни горива на бензинските пумпи во Велика Британија на крајот на мај надмина 20.000 литри, што е највисоко ниво од февруари лани, пренесува Ројтерс.

Цената на безоловен бензин во Велика Британија се зголеми на 1,5 евра за литар, на највисоко ниво од август 2019 година. Цената, пак, на дизелот е околу 1,53 евра.

Потрошувачката на гориво забележа остар пад во март минатата година откако владата воведе строги мерки за ограничување на движење. Продажбата на дизелот, исто така, се намали од просечни 12.000 литри на средината на март лани на 1.400 литри еден месец претходно, додека продажбата на бензините се намали од 7.000 на 1.100 литри.

Од 17-ти мај оваа година, луѓето во Велика Британија повторно можат, по повеќемесечна забрана, да се соберат на затворен простор, така што и пабовите, рестораните и кафулињата смеат да примаат гости во внатрешниот дел.

Фото: Pexels