Британската влада би требало да ја укине шемата за доделување „златни визи“ за странските инвеститори поради зголемените повици да се запре приливот на „валкани“ руски пари во Велика Британија.
Неименуван владин извор ги потврди извештаите дека визите за инвеститорите од прв ред ќе бидат укинати следната недела, со што ќе им се овозможи на оние кои инвестираат најмалку два милиони фунти да останат во Британија, јавува Би-Би-Си.
Оваа шема беше воведена во 2008 година за да ги поттикне богатите луѓе надвор од ЕУ да инвестираат во Обединетото Кралство.
Сепак, оваа шема веќе подолго време се разгледува поради загриженост за можни злоупотреби.
Очекуваното укинување на оваа шема доаѓа во време на притисок врз британските министри да ги прекинат врските на Велика Британија со Русија поради можна руска инвазија на Украина.
Носителите на „златни визи“ можат да аплицираат за постојан престој во Велика Британија, а британското Министерство за внатрешни работи на руските државјани од отворањето на оваа шема во 2008 година им издаде 14.516 инвеститорски визи.











