Британската влада ќе се обиде да стави крај на кризата со невработеноста со плаќање на бонуси на компаниите кои ќе ги вратат на работа работниците отпуштени поради корона кризата, објави министерот за финансии Риши Сунак.
“Според овој план, работодавачот би добил бонус од 1.000 фунти (1.256 долари) за секој вработен кој го вратиле на работа, по завршувањето на државната програма за субвенционирање на платите на отпуштените заради корона кризата кон крајот на октомври“, изјави Сунак пред парламентот.
Преку програмата за зачувување на работните места, британската влада ги субвенционира платите на девет милиони работници, што е еквивалентно на повеќе од една третина од вкупниот број вработени во приватниот сектор, а исто така ги поддржува платите на два милиони самовработени лица, пренесува Reuters.
Британскиот министер планира привремено да го зголеми данокот на имот и да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) во угостителскиот сектор.
Фото: Pixabay