Британската централна банка сака да ги тестира технолошките гиганти

16

Технолошките гиганти кои обезбедуваат услуги на банките во Обединетото Кралство за пресметување во „облак“ можеби ќе треба да ги исполнат минималните стандарди за издржливост и верификација, изјави висок претставник на британската централна банка.

Банката на Англија (BoE) и регулаторите во Европа и САД се загрижени дека банките се потпираат на cloud computing услуги од неколку големи технолошки компании за да обезбедат се поважни банкарски услуги, плашејќи се дека потенцијалните технолошки проблеми можат да влијаат врз финансиската стабилност.

„Ова е голема тема и во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво“, рече Викторија Сапорта, извршен директор на бонитетниот надзор во BoE, на собирот организиран од Институтот за меѓународни финансии (IIF).