Британската нафтена компанија заработи милијарда долари само од трговијата во САД

14

Британскиот нафтен гигант Шел заработува милијарда долари годишно тргувајќи со нафта во САД, покажаа документите приложени во тужбата поднесена од поранешен вработен.

Сведочењето на поранешниот шеф на одделот за трговија на Шел, Џон Димех во судот во Тексас даде ретка можност за увид во финансиските детали што Шел ги третира како деловна тајна, вклучувајќи огромни профити од тргување и мултимилионски бонуси за трговците.

Тој работеше 11 години во одделот за трговија со сурова нафта во Шел, во Хјустон, а минатата година рече дека тој оддел вообичаено заработува меѓу 950 милиони долари и една милијарда долари годишно.