Британската влада и Премиер лигата ја одобрија продажбата на Челзи

18

Челниците на англиската Премиер лига ја одобрија продажбата на фудбалскиот клуб Челзи на конзорциумот Boehli-Clearlake. Претходно овој месец, конзорциумот се согласи да плати 4,25 милијарди фунти за клубот од Стемфорд Бриџ.

И Владата на Обединетото Кралство одлучи да издаде дозвола за продажба на Челзи.

Така, приходите од продажбата ќе бидат уплатени на замрзната сметка контролирана од британската влада.

Англискиот фудбалски клуб ја заврши сезоната на третото место во Премиер лигата и следната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Конзорциумот што го презема Челзи е предводен од американскиот милијардер Тод Боели и поседува неколку тимови во САД.

Роман Абрамович мораше да го продаде клубот поради наводните врски со рускиот претседател Владимир Путин во екот на воената интервенција во Украина. Неколку дена по почетокот на војната, на 24 февруари, Абрамович го објави клубот на продажба.