Британски фонд го купи најголемиот трговец во Романија за 533 милиони евра

45

profi

Британскиот еквити фонд Mid Europa Partners потпиша договор за преземање на 100% удел во најголемиот ланец супермаркети во Романија, Profi Rom Food, од полскиот фонд Enterprise Fund VI (EI). Трансакцијата вредна 533 милиони евра е најголемата зделка направена од приватна еквити фирма во Романија и најголем договор во трговијата во историјата на земјата, пишува The Romania Journal.

Трансакцијата ќе биде разгледана од регулаторните тела и се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2017 година.

Полскиот фонд во 2009 година плати 66 милиони евра за 65 продавници на Profi.

Profi е модерна мрежа широко распространета во Романија, присутна и во руралните делови. Има скоро 500 продавници во 250 градови и села, а вработува околу 11.000 луѓе.