Британски милијардер со 250 милиони долари ќе ги заштитува своите вработени

150

Британскиот милијардер, Ричард Брансон, со пакет од 250 милиони долари ќе ги заштитува своите 70.000 вработени, пишува Forbes.

Целта на овој пакет е да се зачуваат работните места, што беа доведени во прашање поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

На овој чекор, сопственикот на Virgin групацијата, се одлучил по критиките во јавноста дека вработените во неговата Virgin Atlantic добиле осум недели неплатен одмор поради ширење на коронавирусот.

“Нашата авиокомпанија ги приземји скоро сите авиони, нашите крузери ги одложија своите патувања, нашите клубови и хотелите беа принудени да стават клуч на врата, како и закажувањата на нашата туристичка агенција, исто така, се стопирани“, рече Брансон.

Фото: Facebook