Британски Tesco се повлекува од Турција

34

tesco

Подружницата на британскиот трговски ланец Tesco во Турција, Kipa, ќе продаде 95,5% од акциите на својот ривал, ланецот супермаркети Migros, за 104,33 милиони долари.

Како што стои во соопштението на Истанбулската берза, трансакцијата ќе биде предмет на регулаторно одобрување, пишува Хуријет.

Британскиот трговец има 173 Kipa продавници во Турција. На турскиот пазар влезе во 2003 година преку аквизиција на Kipa, а првиот Tesco Kipa маркет го отвори во 2005 година во Бодрум.

Во финансиската 2014/2015 година, ланецот имаше 196,5 милиони долари нето загуба.