Британски Victoria’s Secret оди во ликвидација

176

Victoria’s Secret во Велика Британија не ја преживеа пандемијата и отиде во ликвидација. Судијата Сали Барбер ја одобри транзицијата кон ликвидација, што значи дека се загрозени стотици работни места во 25 продавници на Victoria’s Secret низ Обединетото Кралство.

Сепак, ликвидацијата прогласена во саботата ќе ѝ овозможи на компанијата да плаќа дивиденда на доверителите.

Продажбата преку Интернет ќе продолжи бидејќи не е поврзана со британската подружница на Victoria’s Secret.

Кога британската филијала на малопродажба влезе во минус минатата година, британската компанија за облека Next ја спаси Victoria’s Secret со преземање на 51% удел во групата и на тој начин спаси 500 од 800 работни места.

Сепак, компанијата не успеа да се опорави од слабата продажба. Во исто време, брендот доживеа големи проблеми во САД, бидејќи неговиот сопственик Лес Векснер се соочи со тужба поради контактите со Џефри Епстајн.

Фото: Facebook