Британскиот бренд Debenhams доаѓа во Хрватска

20

debenhams

Познатиот британски ланец стоковни куќи Debenhams на почетокот на 2016 година влегува и во Хрватска. Како што пишува хрватски Лидер, Debenhams ќе отвори стоковни куќи во Загреб и во Сплит.

Ланецот во стоковните куќи ќе го нуди целиот асортиман како и во другите земји.

Debenhams е ланец стоковни куќи основан во 18-ти век како продавница во Лондон. Сега е присутен во 27 земји со преку 240 продажни места. Продава облека, предмети за домаќинството, мебел и козметика.