
Во македонската економија ќе влезат нови 6 милијарди евра кредити од Велика Британија кој ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти. Економските аналитичари сметаат дека е добро економијата да се развива па макар и со позајмени пари, но засега сè уште не се знае под кој услови ќе го добиеме британскиот кредит и за што точно ќе се потрошат овие пари. Според нив, британските пари ќе ја раздвижат економијата, само ако не се инвестираат во погрешни проекти.
Економскиот експерт Синиша Наумовски за „Локално“ вели дека внесувањето на евтини пари во македонската економија е добро, но ако тие пари се користат за оперативни цели.
-Ваквата нова пракса на внесување на ликвидност во економијата, а базирана по принципот на „билатерален договор, директно држава со држава“ е добра. Имено, секој обид за внес на евтини пари во македонската економија треба да се поздрави, ако се има во предвид дека ќе се корисити за оперативни цели, поточно капитални инвестиции и развој на домашното стопанство. За да може македонската економија да расте со повисоки стапки треба да се вбризгува нова, свежа и голема количина ликвидност. Но, тоа не е доволно за стратегијата за брз раст. Наредните фази мораат да направат „супер синергија“ помеѓу мерките на фискална и монетрана економија. Токму таква синергија може да се очекува преку начини на засилена комуникација и координација меѓу двете политики. Ова, особено е важно за олеснување на условите за стекнување на поголема ликвидност на стопанството, а со тоа и зголемување на поволностите за граѓаните, како и брза мобилизација на капацитетите на државата да се реализираат заостанатите, тековните и многу нови капитални проекти, вели Наумовски.
Целиот текст на Локално











