Британските супермаркети на полиците ставаат картонски зеленчук

285

Супермаркетите во Велика Британија користат картонски слики од овошје, зеленчук и други производи за да ги пополнат празнините поради проблемот со набавката, пишува Гардијан.

Гардијан пишува дека недостигаат други намирници, а Теско почнал да го користи овој „трик“ со цел барем визуелно да го покрие недостигот од аспарагус, моркови, портокали и грозје, што предизвика потсмев на социјалните мрежи.

„Мммм, вкусни фотографии на артичоки“, напиша еден корисник на Твитер.

Брајан Робертс, аналитичар на малопродажба, вели дека во последната година почнал да забележува картонски облици на свежи производи, но дека таа тактика се користи веќе некое време.

„Тоа стана сосем вообичаено. Не е само поради немањето, туку и затоа што многу поголеми продавници сега се едноставно преголеми“, вели тој.

Тој објаснува дека се работи за една тактика на пополнување простор.

Теско тврди дека користењето слики од овошје и зеленчук не е поврзано со неодамнешните проблеми со синџирот на набавка.

Супермаркетите и производителите го намалија асортиманот на повеќе видови тестенини, кафе или чај, кои ги продаваат за да го олеснат протокот на стока.

Некои гломазни и не толку исплатливи артикли, како флаширани газирани пијалци и вода, исто така се подолу на листата приритети на испорака поради недостиг на возачите, што значи дека на полиците може да има поголеми празнини отколку вообичаеното.

Во меѓувреме, порастот на онлајн купувањето остави многу супермаркети да не чуваат непрехранбени производи како телевизори, ЦД-а.., како што правеа некогаш, оставајќи празен простор што многумина не успеаја да го пополнат со алтернативни производи.