Британското кралско семејство ќе може да го проба македонскиот ајвар на МАМА’С

22

mamas

Македонскиот бренд МАМА’С почна да се продава во Fortnum & Mason, најлуксузната продавница во светот која постои од 1707 година. Продавницата е позната и по тоа што од неа со намирници се снабдува Британското кралското семејство, стои во соопштението.

20160913_113640

 

“Прекрасно е чувството твојот производ да се најде на полиците на една престижна продавница како што е Fortnum & Mason. Ние сме првиот Македонски бренд што успеал да се најде на нивната листа. Тоа е потврда дека нашите производи имаат квалитет кој може да ги задоволи и вкусовите на најпребирливите, ’пош Англичани’“, изјави бренд менаџерот на МАМА’С, Калин Бабушку.

Fortnum & Mason е луксузна приватна продавница која постои од почетокот на осумнаесеттиот век, позната по големиот избор на гурмански производи, меѓу кои и чај и производи за благородниците. Се наоѓа на улицата Пикадили, во Лондон, со неколку подружници во Лондон, Дубаи и Америка. Покрај во Велика Британија, МАМА’С е присутен и на пазарот во Русија, Скандинавските земји, Америка, Австралија, Коста Рика, Дубаи, Макао и Хонгконг, Јапонија, Катар, Германија, Франција, Белгија, Канада, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, како и на Балканот.