Авиокомпанијата British Airways спроведе експеримент со кој сакаше да покаже колку се релаксирани патниците додека патуваат со нив. Користејќи невросензитивна технологија, направен е специјален уред кој го мери расположението кај луѓето. Уредот преку bluetooth е поврзан со посебно ќебе кое ја менува бојата според расположението. Стресот е црвен, опуштеноста е сина.
Тестот е спроведен на линија Лондон – Њујорк.