British Airways најавува експанзија во земјите од поранешна Југославија

26

Британскиот авиопревозник, British Airways најави проширување на своето работење во земјите од поранешна Југославија, пренесува Exyuaviation.

Британската авиокомпанија воведува нови сезонски линии и ќе го зголеми бројот на постоечките летови во регионот.

Па така, во Хрватска го зголемува бројот на летови меѓу Загреб и Лондон, од еден дневно на 11 неделно во текот на летната сезона, додека бројот на летови кон Сплит ќе се зголемат од седум на 10 летови во неделата.

British Airways воведува сезонски линии со еден лет неделно до Приштина и Подгорица во текот на летниот период, а ќе се зголеми и бројот на летови кон и до Љубљана, од два на четири летови неделно.

Фото: Pexels