
Американскиот производител на чипови Broadcom планира да инвестира во развојот на индустријата за полупроводници во Шпанија, која е поддржана од средства од програмата на Европската унија, изјави извршниот директор Чарли Кавас.
„Среќни сме што можеме да ја објавиме одлуката да инвестираме во шпанскиот екосистем за полупроводници во рамките на нивната програма за поддршка на полупроводниците“, напиша Кавас на Твитер.
Вредноста на проектот во кој ќе биде вклучен Broadcom би можела да изнесува 1 милијарда долари, се вели во соопштението на шпанското Министерство за економија.
Американската компанија не ја објави планираната инвестициска сума.











