Брога – јога за мажи

63

broga

Брога е еден вид на јога наменета првенствено за мажи.

Нејзините основачи Роберт Сидоти и Адам О‘Нил велат дека тоа е “безбедно” место за мажите кои се чувствуваат непријатно што ја немаат таа флексибилност како жените кои практикуваат јога или пак сакаат да ги осетат нејзините бенефити на малку помодерен начин.

Овој вид на јога стана толку популарен што почна да привлекува и жени, особено оние кои сакаат малку поспортска верзија на оваа техника, каде не се става акцент само на истегнување и виткање.

Брогата ја комбинира традиционалната јога со фукционални фитнес вежби и интензивен тренинг во различни интервали.

Таа помага за зголемување на кондицијата, намалување на стресот, тонирање на мускулите, подобрување на работата на срцето и држењето на телото.

Инструкторите велат дека со практикување на брога ќе се чувствувате освежени и полни со енергија исто како да сте вежбале во теретана и опуштени и релаксирани како после час по јога.

suarez_broga_G__1320932839_2603
Роберт Сидоти и Адам О‘Нил

Мисијата на брогата е да им понуди на мажите сила за справување со секојдневниот стрес и обврски  преку фитнес програма базирана на јога од машка перспектива. Таа е наменета за сите, од почетник до професионален атлет.

Програмата е креирана на тој начин што им помага на мажите маскимално да го искористат секој дел од своето тело и ум. Да бидат истовремено силни, смирени, надворешно и внатрешно поврзани, моќни и страствени одвнатре и однадвор.

Брогата, како што истакнуваат основачите, е всушност дизајнирана за момците кои “сакаат да го одржуваат своето тело во одлична форма, без да почувствуваат закана за своето его додека стојат во поза на дрво.”

Фото: brogayoga.com