Бројот на летови падна на нивоата од 1970-те

51

Во април годинава, авионите превезувале само 31 милиони патници, што е враќање на нивоата од седумдесеттите години на минатиот век, пишува Економист.

Во текот на април, 200.000 луѓе поминаа преку британскиот аеродром Хитроу, онолку колку што нормално би минувале низ тој аеродром за еден ден.

Ако победниците и губитниците требаше да се истакнат во оваа црна статистика, најмалку погодена е Кина, каде бројот на летови е намален за 21%, додека во Америка е преполовен, а во Европа во моментов има 75% помалку летови отколку во истиот период минатата година.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) со месеци известува за многу нагло опаѓање на бројот на авионски патувања, за кои не очекува да се врати на нивото на пред-пандемијата уште најмалку неколку години. Ова исто така може да доведе до зголемување на цената на авионските билети, особено во оние региони каде што нема голема конкуренција.

Фото: Pixabay