Бројот на милијардери во Велика Британија се намалува поради турбуленциите на пазарот и новите даноци

Бројот на милијардери во Велика Британија се намали од 165 минатата година на 156 лица поради пазарните турбуленции и новите даноци, односно укинувањето на даночните олеснувања.

Тоа е најголемиот годишен пад откако „Сандеј тајмс“ започна со традиционалното рангирање на најбогатите луѓе во Велика Британија пред 37 години.

Вкупната вредност на богатството на 350-те најбогати се намали трета година по ред, овој пат за три проценти, на вкупно 772,8 милијарди фунти (917,5 милијарди евра).