Бројот на најбогатите луѓе во светот е намален за 4.000

Интересни детали даваат свежите податоци за финансиските средства на светското население, кои вклучуваат акции, инвестициски фондови, салда на банкарски сметки и слично.
Како резултат на минатогодишните потреси (особено е невообичаено што значително паднаа не само акциите, туку и обврзниците), вкупниот износ на финансиски средства се намали за 3,5 отсто, на 225 трилиони долари, покажуваат податоците на Бостон Консалтинг Груп. Ова е најголем пад од финансиската криза во 2008 година.

Клубот на супербогати поединци со имот од најмалку 100 милиони долари сега има 62.000 членови, што е за 4.000 помалку од пред една година.