Бројот на невработени во Грција во вториот квартал од годинава достигна 1.169.000, што во однос на претходниот квартал има плус дополнителни 4,3% невработени во споредба со истиот период од минатата година. Така, бројот нa невработени се искачи до 44,2%, објави Државниот завод за статистика на Грција.
Стапката на невработеност кај жените е 27,3%, а 20,8% кај мажите. Висока стапка на невработеност има кај младите, достигнува дури 53,9% кај мажите, а кај жените достигна 62,1%.