Бројот на одобренија за градење во јануари намален за 19% – Доминација на Полог и високоградбата

Бројот на одобренијата за градење во јануари 2026 година е намален за 19.2 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во јануари 2026 година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 19.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 325 219 илјади денари, што е за 25.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 65 (25.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од   54 359 м2.

Во  јануари 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба 
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64
  • За изградба се предвидени 618 станови