Бројот на превезени патници од аеродромот Александар Велики во пораст

23

Во ноември годинава, споредено со ноември 2011, е регистиран пораст на бројот на превезени патници од аеродромот Александар Велики за 11%. Министерството за транспорт и врски излезе со податоци дека овој ноември се превезени 62.371 патници, за разлика од минатиот ноември кога биле превезени 56.180 патници.

Најголем пораст е забeлежан кај бројот на патници на редовните линии. Овој пораст се должи на воведувањето нови директни дестинации кон повеќе европски градови и кон Дубаи во текот на месец ноември.

Бројката на регистрирани патници на редовни линии во ноември е 60.873, што е за 21,5% повеќе од ноември 2011, кога истата бројка изнесувала 50.089 патници.

По изградбата на новата терминална зграда за пречек и испраќање на патниците на аеродромот Алксандар Велики, во септември 2011, бројот на компании, како и бројот на патници кои оперираат на нови дестинации и постојано расте.