Годинава во месец септември во Македонија е регистрирана бројка од 60.428 туристи. Бројот на ноќевања пак за истиот месец изнесува 166.343.
Според Државниот завод за статистика, во септември 2012 имало за 3.1% повеќе туристи и за 13,9%, повеќе ноќевања во однос на септември минатата година.
Бројот пак на домашните туристи во септември оваа година, во однос на септември минатата година, е намален за 6,2 проценти, додека бројот на странските туристи е зголемен за 8,1 проценти.
Зголемување за 5.9% се бележи кај ноќевањата на домашните туристи, додека тој процент кај странските туристи е поголем и изнесува 19.1%.
Статистиката покажува дека во периодот јануари-септември годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 2,5%.
Притоа кај домашните туристи има намалување за 3,6%, а кај странските зголемување за 9,1%. Во тој споредбен период е забележано намалување на ноќевањата за 1,7%, при што кај домашните туристи има намалување за 6,3%, а кај странските зголемување за 8%.