Бројот на туристи во светот зголемен за 30 милиони

23

Во првата половина од годинава, бројот на туристи на глобално ниво пораснал за 4%, велат податоците Светската туристичка организација на Обединетите нации (UN World Tourism Organization – UNWTO).

Светските дестинации во периодот јануари – јуни “дочекале“ 671 милион странски посетители, што е за речиси 30 милиони повеќе од истиот период минатата година.

Според организацијата, зголемување на бројката се должи на силната економија, достапните летови, зголемената воздушна поврзаност и олеснувањата за добивање на виза.

Блискиот Исток бележи 8% пораст на туризмот, Азија и Пацификот 6%, додека најпосетуваниот регион, Европа, во овој период забележа пораст од 4%.

Од UNWTO предвидуваат дека за цела 2019 година процентот на туристи ќе биде зголемен за 3 до 4%, согласно со трендовите наназад, откако минатата година регистрираше пораст за 6%, а во 2017 за 7%.

Фото: Pixabay