Бројот на туристи во земјава во март намален за над 67%

36

Бројот на туристи во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 67,3%, додека кај бројот на ноќевања има под од 62,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во март оваа година изнесува 17.943, а бројот на ноќевања беше 41.948.

Бројот на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 60,5%, а бројот на странските туристи е намален за 70,4%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 69,6%.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 18,3%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 17,2%, а кај странските има намалување за 18,9%.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 19,7%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15,1%, а кај странските има намалување за 22,9%.

Фото: Pixabay