Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 93.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 403 501 МWh електрична енергија, 3.994 мил. нм3 природен гас, 363 212 тони јаглен и 89 448 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 93.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична
енергија.