Бруто домашното производство на струја учествува со 71,4% во бруто домашната потрошувачка

31

Бруто домашното производство на електрична енергија, во јули оваа година, учествува со 71,4% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 619 337 МWh електрична енергија, 3.364 мил. nm3 природен гас, 610 788 тони јаглен и 82 607 тони нафтени продукти.