Бруто платата во јануари беше 42.204 денари

84

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во јануари оваа година, изнесува 42.204 денари, додека во нето износ е 28.272 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во  јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е зголемена за 2,7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Информации и комуникации (8,5%) и Уметност, забава и рекреација (8,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7,4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,3%) и Информации и комуникации (4,9%).

Фото: Pexels