Бруто платата во март беше 42.097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8%, објави Државниот завод за статистика.

Бруто-плата по вработен во март 2021 година изнесува 42.097 денари.

Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9%, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3% и информации и комуникации за 12,1%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 14,9%, дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3% и градежништво за 4%.

Фото: Pixabay