Bryte – кревет што помага за подобар сон

22

Американски технолошки старт – ап дизајнираше роботски кревет што автоматски може да ја прилагоди температурата, цврстината на подлогата, па дури и да го заспие корисникот.

Креветот, наречен Bryte, ја контролира температурата на тие што спијат преку термоелектричен систем на ладење и греење, а за да ја прилагоди цврстината користи 100 “активни калеми“, наредени во осум зони.

Во него има и сензори што ја детектираат моменталната состојба на телото и околината, а добиените податоци се обработуваат со помош на централна единица за процесирање. Посебна паметна, придружна платформа за спиење Aiden, потоа испраќа инструкции до калемите.

Корисниците можат и рачно да го прилагодат креветот, на пример, поголема цврстина на делот кај рамената, помалку кај колковите и слично. Bryte доаѓа во три големини и може да се користи со постоечки рамки од кревети, но и да стои самостојно на сопствената подлога.

Фото: Bryte