Фото: Pexels
Турција планира да изгради брза железничка линија меѓу регионот на Црното море и југоистокот на Турција, објави министерот за животна средина и просторно уредување Ердоган Бајрактар, пренесуваат турските медиуми.
“Го проучуваме железничкиот проект Трабзон – Ѓумушане – Ерзинкан, кој треба да биде рута за брз воз. Предвидено е возот да се движи со 250 километри на час”, изјави министерот.
Проектот ќе биде дел од железничката пруга меѓу Трабзон и Дијарбакир долга 630 километри, која ќе го поврзува регионот на Црното море во Турција со Сирија и Ирак.