Буџетот на ЕУ за следната година ќе “тежи“ 167 милијарди евра

19

Европската комисија предложи 167,8 милијарди евра за заеднички буџет на ЕУ за следната година. Буџетот ќе биде дополнет со околу 143,5 милијарди евра безповратни средства во рамки на фондот за закрепнување.

Средствата предвидени за поддршка на земјите кандидат и потенцијални кандидати во 2022-ра година ќе изнесува 1,9 милијарди евра.

Од Европската комисија наведуваат дека средствата од буџетот ќе бидат насочени кон зајакнување на економското закрепнување на ЕУ и нејзините партнери, заштита и отворање на нови работни места, а приоритет ќе им биде “зелен“ и дигитален развој.

Предвидено е 118,4 милијарди евра неповратни средства да дојдат директно од фондот за закрепнување, 53 милијарди евра за земјоделие, 36,5 милијарди за регионален развој, 14,8 милијарди за поддршка на партнерите и интересите на ЕУ ширум светот, 13,1 милијарда за иновации и истражување, 2,1 милијарда евра за европска вселенска програма, 1,9 милијарди евра за заштита на животната средина и исто толку за заштита на границите и ИПА 3 фондот за 2022-ра година.

Фото: Freepik