Буџетски дефицит од 6,9% во ЕУ

26

Буџетскиот дефицит како дел од вредноста на бруто домашниот производ во Европската унија минатата година се зголеми на 6,9% или 0,5% повеќе во споредба со 2019 година.

Во еврозоната, буџетскиот дефицит се зголеми за 0,6% на 7,2%, покажуваат податоците на Eurostat. Меѓу земјите со заедничка валута, дефицитот скоро се изедначи со БДП, достигнувајќи 98%. Една година претходно бил на ниво од 84%.

ЕУ оваа година ги суспендираше прописите според кои буџетскиот дефицит не треба да надмине 3%, а јавниот долг 60%.

Скоро сите земји од ЕУ во текот на минатата година ја надминаа горната граница на дозволен минус од 3%, со исклучок на Данска каде што бил 1,1%. Близу се и Шведска и Бугарија со 3,1 и 3,4%.

Најголем минус има Шпанија и тоа 11%, по што следат Малта (10,1%), Грција(9,7%) и Италија (9,5%).

Борбата со последиците од пандемијата се одрази и врз зголемување на јавниот долг, којшто кај 14 земји членки од ЕУ во 2020 година го надмина дозволениот лимит од 60%. највисоко котира Грција со двојно поголем долг од вредноста на БДП, по што следат Италија со јавен дол од 155,8% од БДП, Португалија со 133,6% и Шпанија со 120%.

Најнизок удел на јавниот долг во вредноста на бруто домашниот производ имала Естонија и тоа само 18,2%, по што следат Луксембург со 24,9% и Бугарија со 25%.

Фото: Pexels