Буџетскиот дефицит на Турција во јули намален на 1,751 милијарди долари

12

Според податоците на турската Централна банка буџетскиот дефицит на земјата во јули се намалил и изнесувал 1,751 милијарди долари. Оваа цифра е нешто помала од очекуваната 1,8 милијарди долари, пишува Hyurriyet.

Така, моменталниот дефицит на сметката се намали за 62,8% споредено со јули минатата година кога оваа бројка изнесуваше 4,7 милијарди долари, додека 12 месечниот дефицит достигна бројка од 54,6 милијарди долари.

Во јули дефицитот на стоките во Турција се намалил за 2,5 милијарди долари и изнесувал 4,8 милијарди долари.

Услужната дејност во земјата бележи нето прилив од 3,6 милијарди долари, што е золемување за 673 милиони долари споредено со јули минатата година, што најмногу се должи на зголемувањето од 578 милиони долари приходи од патувања.

Во јули директните инвестиции забележале нето приходи од 707 милиони долари.

Фото: Pixabay