Будва ја издава тврдината Могрен на 30 години

70

mogren 1

Општина Будва, Црна Гора, планира на 30 години да ја издаде под закуп тврдината Могрен, над истоимената плажа, на самиот видиковец на влезот во градот, пишува Вијести.

Под закуп ќе се издадат 3.362 метри квадратни, по почетна цена од 35.500 евра годишно.

Закупецот, во согласност со условите што ќе ги издаде Управата за заштита на културно наследство, ќе треба да ги реконструира и ревитализира урнатините и тврдината да ја претвори во туристичка атракција.

Тврдината којашто е изградена во 1860 година, потполно е уништена и до сега не е реконструирана.