Бугарија: 270.000 нови работни места во следните неколку години

21

Every Day Life In Bulgaria As EU Leaders Mull RestrictionsНад 270.000 нови работни места ќе бидат отворени во следните неколку години, според среднорочните и долгорочните проекции на Министерството за труд и социјална политика на Бугарија, изготвени според проект финансиран од оперативна програма Развој на човечките ресурси, соопшти вчера министерот Хасан Адемов, пренесуваат бугарските медиуми.

Од новите работни места, 157.000 ќе бидат за луѓе со средно образование, а околу 118.000 за дипломирани студенти. Очекувањата се до 2018 година невработеноста да се намали за околу 5%.

Најмногу работни места до 2018 година ќе има во областа на трговијата, образованието, градежништвото, транспортот, текстилната индустрија. Сега најмногу работни места се отвораат во IT секторот, административните и услужни дејности и трговијата. Најбараните професионалци се програмери, инженери, лекари, наставници, оператори на машини, возачи, келнери и готвачи.

Прогнозите се дека високото образование ќе дава 90% гаранција за наоѓање на работа, а средното образование 70%.