Бугарија: 40% од потрошувачите купуваат онлајн по неколку пати во месецот

22

online-shopping-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупно 40% од потрошувачите во Бугарија купуваат онлајн по неколку пати во текот на месецот, пишува Monitor.bg.

Според податоците, бројот на онлајн продавници во Бугарија, во последните 12 месеци, е зголемен за 19%, додека вкупниот раст од 2014 година е 37%.

Потрошувачите во Бугарија, најчесто преку Интернет купуваат облека и чевли, а зад нив се технолошки производи и книги. Околу 40% од испитаниците изјавиле дека своите резервации за одмор ги прават онлајн. Спроведеното истражување, исто така, покажува дека секој петти корисник одбива да купува во некоја продавница доколку истата не прифаќа онлајн плаќање.