Бугарија: 80% од странските туристи спијат во луксузни хотели

26

bazen

Фото: Pixabay

Според статистичките податоци, 80% од странските туристи во Бугарија преферираат луксузни хотели. Цените на Црно Море за ноќевање во хотели од 3-4 ѕвезди се движат од 40 до 80 евра, додека ноќевање во хотел со пет ѕвезди е од 100 евра, вели претседателот на Асоцијацијата на бугарските туроператори и туристички агенции, Бајко Бајков за Труд.

Според Бајков, ова е ниска цена во споредба со цените во земјите со кои се натпреварува Бугарија.

Од друга страна, Бугарите избираат да летуваат во поевтини хотели, со една или две ѕвезди.