Бугарија, заедно со Турција, покрива 90% од светското производство на масло од рози. Розите во Бугарија се одгледуваат со векови, а цената за еден килограм достигнува и до 7.000 евра, пишува Aljazeera Balkan.
“Во овој момент сме сведоци на повторно оживување на производството, бидејќи по демократските промени во Бугарија во 1989 година, се случи намалување на производството на рози, како и добивање на масло од овој цвет. Пазарот е фактор којшто влијае на зголемување на производството“, вели Стојо Карагенски, претседател на општината Карлово во Бугарија.
Маслото од рози привлекува голем број лица да инвестираат во негово производство, па така Венелин Најденов, повратник од Канада вложил 250.000 евра во овој бизнис.
“Уште не ја знаеме цената на маслото од рози за оваа година. Очекуваме да биде малку поскапо во однос на претходната година. Минатата година цената беше 6.700 евра. Оваа година се очекува да надмине 7.000 евра. Приносот од рози е многу помал и постои недостиг на пазарот, а со тоа се очекува и зголемување на цената“, вели тој.