Поради лошите временски услови во текот на годината, се очекува овогодинешната винска реколта да биде два пати помала од минатогодишната, изјави бугарскиот министер за земјоделие, Десислава Танева, пишува Екон.
“Целиот земјоделски сектор се соочува со најтешката година. Се надевам дека винарите ќе добијат добра цена за произведеното”, вели Танева.
Танева додаде дека министерството ќе продолжи да поддржува различни иницијативи насочени кон зголемување на конкурентноста на бугарското вино.
Во октомври месец, бугарската Агенција за лоза и вино им дозволи на производителите да го зголемат природното ниво на алкохол во виното со додавање на шеќер. Поради неповолните временски услови, грозјето немаше можност добро да созрее и е со помала блажина.
Додавањето шеќер е вообичаена практика во северните делови на Европа, како на пример Германија, каде температурите се пониски и нема доволно сонце за грозјето добро да созрее. Во Бугарија, во последните пет години не е одобрувано да се додава шеќер во виното.
Според европските регулативи, дозволено е да се додаде до 1,5 г шеќер на литар, за да се добие подобро вино.