Бугарија и Романија единствени од новите членки на ЕУ со раст на странски инвестиции

35

evra

Бугарија и Романија се единствените земји од новите земји членки на ЕУ, во кои е регистриран раст на директните странски инвестиции во 2013 година, стои во анализа на Меѓународниот институт за економски студии во Виена, пренесуваат бугарските медиуми.

Романија е вистински рекордер со раст на странските инвестиции во 2013 година во однос на 2012. Лани во оваа земја се влеале 2,7 милијарди евра, што е раст од 27,4%. Минатата година странските инвестиции во Бугарија достигнаа 1,09 милијарди евра, што е раст за 2,1%.

Кај сите други земји кои се приклучија кон ЕУ по 2004 година е регистрирано намалување на странските инвестиции. Најдраматичен пад е регистриран во Полска и Словачка, од 92,6%, односно 79,8%.

Експертите од Институтот во Виена очекуваат во 2014 година да дојде до раст на странските инвестиции во сите нови членки на ЕУ.