Бугарија: Над 70% од малите и средни компании се жалат на недостиг на кадар

22

sofija

Најголемиот проблем со кој се среќаваат малите и средните претпријатија во Бугарија е недостатокот на кадар. Ова е главен проблем за над 70% од фирмите, изјави директорката на Агенцијата за промоција на мали и средни претпријатија, Мариета Захариева, пишува софиски Дневник.

Агенцијата спровела анкета во 400 компании. Од анкетираните, 72% од претприемачите се жалат на недостиг на работници, додека 70% изјавиле дека не можат да се потпрат на државна помош при отпочнување на бизнис. Според 26% од анкетираните, даночните олеснувања и ниските давачки се основното што бизнисот го добива од државата.