Бугарија нема да го прекине транзитот на гас за други земји

37

Бугарската влада подготви резерви на природен гас долж постоечките приклучоци, така што бугарските потрошувачи нема да бидат загрозени, пренесува БТА.

Бугарскиот вицепремиер Асен Василев изјави дека земјата нема да го прекине транзитот на руски гас за други земји.

Тој додаде дека Бугарија се подготвува да ја прекине испораката на руски гас од февруари, објавија бугарските медиуми.

Василев рече дека цената на тој гас ќе биде за околу 20 отсто повисока, но и повтори дека Бугарија нема да го прекине транзитот на руски гас за други земји.

Фото: facebook