Бугарија очекува најголем род на пченица во последните 35 години

5

pcenica-580x406

Бугарија годинава предвидува највисоко производство на пченица од 1980 година наваму, во износ од 5,6 милиони тони, соопштуваат од Министерството за земјоделство и храна, пишува Darik news.

Просечниот принос од пченица во Бугарија е 494 килограми од еден декар.

Заедно со остатокот од минатогодишната реколта, Бугарија има достапни 6,6 милиони тони пченица, велат од министерството. За домашна потрошувачка од оваа реколта ќе одат малку повеќе од 2 милиони тони пченица, додека околу 69% од вкупниот принос ќе одат за извоз.