Бугарија планира да го воведе еврото од први јануари 2024 година

38

Бугарија планира да се држи до целта за воведување на еврото како валута од први јануари 2024 година.

Бугарија, заедно со Хрватска, беше примена минатиот јули, во Европскиот механизам за девизен курс (ERM II), еден вид чекалница за влез во еврозоната што е прелиминарна фаза за усвојување на еврото како валута во следните три години, пренесува Ројтерс.

Според нацрт националниот план за влез на Бугарија во еврозоната, објавен вчера, граѓаните ќе можат да го користат левот и да плаќаат со него во рок од еден месец од усвојувањето на единствената валута.

Нацрт националниот план подготвен од централната банка и Министерството за финансии треба да добие одобрување од владата по јавна расправа.

Фото: Pixabay