Бугарија: Правила за микроклима на работното мeсто – температурата во канцеларија од 16 до 25 степени

118

kanc

Со почетокот на овој месец, во Бугарија стапи на сила Правилникот за минимални барања за микроклима на работните места, соопштуваат од Генералниот инспекторат за труд, пренесуваат бугарските медиуми.

Со Правилникот се дефинираат минимални и максимални норми за параметрите на микроклимата – температура, релативна влажност и брзина на движење на воздухот.

Според Правилникот, при работа во затворени простории температурата треба да е од 16 до 23 степени во најстудениот период и од 18 до 25 – во топлиот. Дозволени се и исклучоци – во зима температурата не смее да паѓа под 13 степени, а во текот на летото – да се зголемува над 28. При силни горештини, термометрите не треба да прикажуваат повеќе од 33 степени. Релативната влажност може да се движи од 35% до 75%, во зависност од периодот и температурата во просториите, наведуваат од инспекцијата.

При работа на отворено, работодавачот е должен да ги почитува дадените црвени и жолти предупредувања за опасни временски услови како ветер, висока температура и др. Ако постои ризик, работодавачот треба да преземе дополнителни мерки за безбедност на своите вработени.