Бугарија се соочува со недостиг на ИТ кадри

21

itВо Бугарија, компаниите од ИТ секторот страдаат од недостиг на кадри, кој ќе станува акутен во иднина доколку индустријата расте со исто темпо. До 2015 година, земјата ќе има потреба од три пати повеќе софтверски специјалисти и два пати повеќе раководни кадри и специјалисти за маркетинг и продажба во секторот, стои во анализата Информатичка технологија 2013 што ја изготвија БАСКОМ (Бугарска асоцијација на компании за софтвер) и Бугарската стопанска комора.

Само софтверската индустрија, која годишно расте за 10%, ќе има дефицит од над 27.000 работни места во 2015 година, иако просечната плата во овој сектор е 2.300 лева (1.176 евра) месечно, пишуваат бугарските медиуми.

За една до две години, бугарските фирми од ИТ индустријата ќе имаат потреба од три пати повеќе инженери, а во наредните десет години се очекува голема побарувачка на бизнис аналитичари и креативни личности, смета претседателот на БАСКОМ, Георги Брашнаров. Меѓу најбараните ќе бидат проектанти на решенија, специјалисти кои ќе можат да работат на развој и да создаваат лидери во технологијата.