Бугарија со најниска минимална плата во ЕУ

55

Лицата кои примаат минимална плата во Бугарија можат да си дозволат да купат најмалку леб во споредба со оние кои имаат минимална плата во другите земји членки на ЕУ. Тоа го покажува анализата подготвена од Институтот за социјално и синдикално истражување.

Во конкретни бројки, податоците покажуваат дека со минимална плата во Бугарија, работникот може да купи 583 лебови од 500 грама. Работникот со минимална плата во Франција може да купи 1.095 лебови од 500 грама, во Германија – 1.232, во Шпанија – 1.120. Слична е состојбата и со другите стоки, како што се компири, сирење, вода.

Минималната плата е минимална цена на пазарот на трудот што деловните субјекти мора да ја плаќаат. Во Бугарија, минималната плата е најниска во споредба со сите други земји на ЕУ.

Минималната плата во Бугарија во 2021 година изнесува 332 евра. За споредба, минималната плата во Холандија е 1.684 евра, во Франција 1.554 евра, во Германија 1.614 евра, итн. Дури и во Хрватска, која влезе во ЕУ подоцна од Бугарија, минималната плата е поголема и изнесува 562 евра.

Фото: Pixabay